Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Десет пациенти кои порано биле хоспитализирани на Ортопедското одделение во клиничкиот болнички центар во Штип се заразиле со хепатит Ц.
Бројката се искачи откако деновиве се откриени двајца нови пациенти, кои откако ја слушнале или ја прочитале веста во медиумите самоиницијативно побарале да се прегледаат и да им се направи анализа на крвта.
Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова вели дека со двајцата нови пациенти, бројот на заболени од вирусот хепатит Ц изнесува десет. Забележува дека ја следат состојбата со поранешните пациенти на Одделението за ортопедија во Клиничка болница-Штип, побарале помош и од колегите од Скопје со цел, како што вели, да се открие изворот на заразата на пациентите, на кои заеднички им е што биле пациенти на Ортопедија.
Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека потврдата за двајцата нови пациенти заболени од хепатит Ц ја добил денеска, а изминатиот период направена е и обука на персоналот.
„Комисијата за интерхоспитални инфекции по стерилизацијата и вонредните контроли го продолжи мониторингот на ова одделение, а спороведе и доплнители обуки за целиот медицински и немедицински персонал“, рече Ѓеорѓијев.
Заразените поранешни пациенти на Ортопедија се повозрасни мажи и жени, од различни градови во источниот регион од државата. Заеднички им е што претходно биле пациенти на Ортопедија, едни оперирани, а дел и неопрерирани. Откако е откриена заразата од Инфективното одделение, болницата од 1 септември ги смени и протоколите за предоперативни зафати. Дополнителни епидемиолошки истражувања треба да го утврдат изворот на заразата.