Home Вебкафе Римската културна уметност во мало – импресивни минијатури на култните градби

Римската културна уметност во мало – импресивни минијатури на култните градби

Џанкарло Грацијани е врвен мајсторот за минијатурна уметност. Типот е при крај со изработката на модел од познатиот римски Колосеум.

Идентичната копија на величественото архитектонско дело ќе биде лоцирано во Минијатурниот парк на Италија каде што веќе се наоѓаат десетици други бисери на италијанското културно наследство. Паркот е изграден во далечната 1970 година покрај Јадранското море и привлекува илјадници посетители од целиот свет секоја година.

„Овој парк се појави од сонот и страста на еден голем љубител на уметноста и архитектурата. Основач на паркот беше Иво Рамбалди, водоводџија по професија, но со голема љубов за патувања, уметност и архитектура. Инспириран од неговата страст тој создаде еден вид натродимензионална мапа за да им покаже на сите колку е убава Италија“, изјави Антонела Биначи, претставник за медиумите

Паркот вклучува 273 области во кои се наоѓаат богатства на италијанското културно наследство. Италија има најголем број на културни подрачја под заштита на УНЕСКО, односно вкупно 53.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…