Клоп: Трансферното ембарго беше добро за Челзи, видете колку вредат Абрахам и Маунт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Челзе е еден од малкуте клубови во светот кои можат да ја поднесат лесно завраната за трансфери.

Причина за тоа се квалитетните млади фудбалери со кои располага Франк Лампард, а најдобар пример за тоа се добрите игри на Абрахам и Маунт.

„Челзи го купи Пулишиќ, не знам колку пари дадоја, но веројатно 50-60 милиони фунти. Сите околу него ја имаат истата цена. Абрахам веќе е играч од 60 милиони, Маунт исто така ако не и повеќе. Ходсон-Одој веќе одамна ја достигна таа цена“, смета Клоп.

„Жоржињо оваа сезона игра одлично, Канте изгледа како може да игра уште 20 години. Ги имаат уште Ковачиќ и Баркли, како и искусните Педро, Вилијан и Жиру. Ако има клуб во светот кој може да ја поденсе лесно забраната за трансфери, тогаш тоа сигурно е Челзи“, додаде германскиот стратег.

Ливерпул во недела ќе му гостува на Челзи во големото дерби од Премиер лигата.