Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вчера беше соопштено дека македонскиот второлигаш Осогово остана без тренер, пишува Спортски.мк.
Тренерот Александар Андов си замина од Осогово после четирите порази во исто толку натпревари од стартот на сезоната.
Добро познато е дека на Осогово можеби не му оди на теренот, но затоа се мајстори за управување со социјални мрежи.
Сега тие стигнаа дури и да добијат одговор од реномираниот „Скај Спорт“ на прашање за Мурињо.
Мурињо работи во „Скај“ како коментатор, па од Осогово ја прашаа оваа телевизија за колку „ретвитови“ би го пуштиле Жозе кај нив. Од „Скај“ дадоа краток и јасен одговор, 100.000.
https://twitter.com/gfkosogovo/status/1174252679113125888