Епски подвиг: Таа е првиот човек кој четири пати без прекин го преплива Ла Манш (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


37-годишната американска пливачка Сара Томас стана првиот човек кој четири пати пливајќи без престан го преплива Ла Манш, познатиот канал кој ги дели Франција и Англија.

Томас својот пливачки предизвик го започна во раните утрински часови од неделата минатиот викенд, а финишираше успешно вчера утрото, после интензивни 54 часа пливање без прекин.

Сара пред една година се излекувала од рак на дојката, па овој спортски подвиг им го посвети на лицата кои го победиле ракот. Пред неа, четворица пливачи успеале да го препливаат 30-километарскиот канал пливајќи три пати без прекин.