Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Александар Кокорин и Павел Мамаев утрово го напуштија затворот во Белгород, откако судот одлучи да ги пушти на условна казна.
Двајцата завршија зад решетки во октомври минатата година кога нападнаа службеник на министерството за трговија и претепаа возач во Москва. Во мај годинава, Александар Кокорин доби 18 месеци затвор, додека пак Павел Мамаев доби 17 месеци.
Судот во Белгорд на почетокот од овој месец одлучи да ги пушти на условна слобода, обвинителството не поднесе жалба, па пресудата за 10 дена стана правосилна и фудбалските ѕвезди денеска го напуштија затворот.
Руските медиуми пренесуваат дека Кокорин да се врати во тимот на Зенит и да потпише нов договор, а што се однесува до Мамев, тој чека раскин на договорот со Краснодар.
After almost a year since they were arrested for assault, Pavel Mamaev and Aleksandr Kokorin were today released from prison.
— Russian Football News (@RusFootballNews) September 17, 2019