Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владата денес ќе прави ново задолжување во висина од 61,7 милиони евра преку аукција на државни хартии од вредност објавена на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија со вредност во износ од 3.800.000.000 денари.
Наспроти нејзините ветувања дека ќе ги намали задолжувањата, Владата континуирано ги зголемува, велат економистите. На ова алармира и експертската домашна и странска јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 отсто од БДП.
Инаку, вкупното задолжување на Владата само за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра.