Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сокриен во еден банкарски трезор во банка во Њујорк, после неколку децении од неговото пишување, откриен е дневникот на полско – еврејската тинејџерка Ренија Шпигел.
Нацистите ја убиел Ренија во 1942 година , токму кога наполнила 18 години , а нејзината приказна била премногу болна за да ја прочитаат мајка и и сестра и. Книгата „Дневникот на Ренија: Животот на една млада девојка во сенка на холокаустот“ ќе биде објавена од нејзиното семејство. Тие веќе го споредуваат со дневникот на Ана Франк, пренесува Си-Ен-Ен.
Издавачот на книгите „Пингвин“ ја опишува книгата како „извонредно сведоштво за ужасите на војната и животот што постои дури и во најмрачните времиња“, а ќе биде објавена на 19 септември.
Девојчето живеело во градот Пржимил во југоисточна Полска, кое беше под советска окупација уште од 1939 година, се додека нацистичката Германија не го нападнала Советскиот Сојуз две години подоцна.
Дневникот е напишан на речиси 700 страници и започнува во јануари 1939 година, кога Рениа имала 15 години. Тоа е хроника за бегство од бомбардирањето на нејзиниот роден град, исчезнувањето на другите еврејски семејства и создавањето гета.
Ренија и нејзината сестра Елизабета (која е родена Аријана) се разделени од нивната мајка, која била на германската страна за време на војната. Скоро секој запис во дневникот завршува со „Бог и Булус ќе ме спасат“, при што Ренија го користи прекарот на нејзината мајка.
Како инспирирана поетеса, Ренија го наполнила дневникот со десетици песни, како и приказни за нејзината прва љубов, момчето Зигмунд Шварцер. Двајцата прв пат се бакнуваа неколку часа пред да пристигнат нацистите во Пржимил.
Ренија е убиена во јули 1942 година на 18-годишна возраст, откако нацистите откриле дека се крие во таванот на семејната куќа.