Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лесно е да се види зошто толку многу луѓе, особено деца, сакаат да бидат инфлуенсери на „Јутјуб“. Заработувањето само од објавување снимки на интернет звучи одлично, пишува futurism.com.
Но, популарната јутјуберката Кристин Сајделко сака луѓето да знаат дека работата не е како што изгледа. Всушност, таа одлучила да се откаже од играта на инфлуенсерството, нарекувајќи ја тривијална, неисполнувачка и главна причина за нејзината анксиозност и депресија – непријатен поглед во тоа како ваквите кариери влијаат врз менталното здравје не инфлуенсерите.
Сајделко ја почнала кариерата во 2015 година и сега има 1,3 милион следбеници на „Јутјуб“. Но, и покрај големата популарност, таа реши да се откаже. Тоа го соопшти деновиве на „Твитер“ откако во јуни на истата социјална мрежа пишуваше за тоа како кариерата како инфлуенсер влијае врз нејзиното ментално здравје.
Кристин не е првиот инфлуенсер што се бори со тежината на славата на интернет. Во јануари западните медиуми објавија приказна за неколку инфлуенсери на „Јутјуб“ кои се соочиле со толку многу психички проблеми што почувствувале потреба да се откажат – барем привремено.
-„Јутјуб“ на некој начин е машина и прави креаторите да веруваат дека мора постојано да полнат содржина – им кажа Лили Синг на нејзините 14 милиони следбеници на „Јутјуб“ во ноември во видео во кое најави пауза.
Извор: Факултети