Нејмар се враќа – утре ќе игра во тандем со Икарди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нејмар е спремен повторно да игра за Пари Сент Жермен, потврди тренерот Томас Тухел.

Бразилецот беше надвор од тимот на „светците“ додека се водеа преговорите за негов трансфер во Барселона. Затоа Нејмар не одигра ниту една минута од почетокот на сезоната.

Меѓутоа, откако стана јасно дека ќе остане во ПСЖ, тренерот Томас Тухел го повика за утрешниот меч против Страсбург.

Надвор од тимот поради повреда ќе бидат Килијан Мбапе, Едисон Кавани и Јулијан Дрекслер, а повикани се и новите засилувања Мауро Икарди и Кејлор Навас.

Тренерот Тухел потврди дека голема е веројатноста утре за прв пат во стартниот состав да го видиме тандемот Нејмар – Икарди.