Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На планинскиот превој Плетвар кај Прилеп има голем сообраќаен застој, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.
Причина за тоа е голем пожар кој гopи пред каменоломот под Плетвар, во непосредна близина на селото Тројаци, а засега не е познато колкава површина е зафатена.
Порталот Маркукуле објави фотографиите кои ги добиле од возачите, кои сведочат дека движењето по патот е како во xopop филм.
Граѓаните по социјалните мрежи бараат интервенција со авиони за гаснење на пожарот.
Од 15:40 часот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на с.Тројаци кон с.Топлица, информираа од АМСМ
Фото: Маркукуле