Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повеќе од 7 часа траеше синоќешната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови за измените во Законот за јавното обвинителство. Пред средбата сите беа оптимисти, но договор не се постигна.
После средбата на својот Фејсбик профил се огласи Антонио Милошоски.
„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.