Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога Ричард Бренсон во 70-тите години на минатиот век прв пат слушанл за Девствените Острови, бил заинтригиран. Всушност, тој неколку години претходно ја основал компанијата која го носи истото име како островите – Virgin. „Немав поим каде се наоѓаат или дали навистина се викаат британски Девствени Острови. Но, еден четврток во 1978 година ми кажаа дека постојат и дека потенцијално можам да поседувам еден од тие острови“, вели Бренсон.
„Беше тоа почетокот на Virgin Records и секако дека немав пари за да купам остров. За среќа, агентот за продажба не го знаеше тоа и ми понуди платено патување до островите за да ги видам. Прифатив под еден услов – да поведам гостин со мене“, се присетува Бренсон, кој тогаш сакал да импресионира некоја девојка.
Агентот му побарал 6 милиони долари за остров со големина од 30 хектари, а Бренсон имал само дел од тоа, меѓутоа не се откажал .„Сакајќи да ја импресионирам мојата нова љубов, го понудив најголемиот износ кој можев да си го дозволам – 100.000 долари. Како што можете да замислите, агентот не беше импресиониран“, раскажува Бренсон.
Една година подоцна сопственикот на островот Мекер уште немал добиено понуда и очајнички сакал да го продаде. „Virgin Records беше во многу подобра позиција после една година, па брзо прифатив на откупна цена од 180.000 долари. Единствениот услов беше во рок од четири години да изградам летувалиште на островот“ вели Бренсон.
Извор: Иновативност.мк