Лидерска средба: Ден „Д“ за Законот за јавно обвинителство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски се подготвени да седнат на маса со обид за компромис за клучниот закон кој со месеци е под знак прашалник. До средбата ќе дојде доколку работните групи постигнат напредок во разговорите, закажани за 20 часот во Собранието.

Освен законот за ЈО, од ВМРО ДПМНЕ најавија дека на тет-а-тет средбата Мицкоски ќе побара од Заев и распишување на предвремени парламентарни избори. Според премиерот легитимно е опозицијата да бара избори, но вели дека приоритет се влезот во НАТО и очекуваниот датум за преговори со ЕУ во октомври.

Власта и опозицијата останува да се договорат за суштинските прашања поврзани со иднината на СЈО и нивните случаи.

Со владиниот закон се предлага сите предмети, вклучително и истрагите и предистрагите отворени од СЈО да се предадат на републичкото обвинителство и да продолжат од каде што застанале. За разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ бара да добијат судска разврска само тие што се отворени до законскиот рок – јуни 2017.

Различни гледишта имаат и за тимот на Катица Јанева. Според власта, обвинителите треба да продолжат со работа во новото обвинителство, за опозицијата пак логично е да се вратат во обвинителствата каде што работеле претходно.

Освен тимот на обвинители, нерешен проблем е и прашањето кој ќе раководи со новото обвинителство. Предлогот на владејачката партија е на чело на организиран криминал и висока корупција, да остане Вилма Русковска. Според ВМРО ДПМНЕ пак, опозицијата треба да даде предлог, со можност освен обвинители да конкурираат и стручни професори.

На лидерската средба не се очекува да присуствуваат лидерите на албанските партии. Утрово од ДУИ порачаа дека се дистанцираат од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот и сметаме дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг и тоа преставува нивниприоритет.На форматот на лидерската реагираа одпартијата на Села.

Велат дека значаен напредокможе да се постигне на друга средба со присуство и на партиите на Албанците и на меѓународниот фактор, формат сличен на Пржино, пренесува „Канал 5“