Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во семејна куќа во Дордрехт, недалеку од Ротердам, јавуваат холандските медиуми.
Холандски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави дека полицаец со огнено оружје убил членови на своето семејство, а потоа се застрелал и себеси, пренесува „Макфакс“.
Според неофицијални информации, полицаецот во понеделниот навечер ги застрелал своите две малолетни деца, а потоа си пресудил.
Полицијата засега не е во можност да потврди што точно се случило.
Градоначалникот на Дордрехт одговори преку „Твитер“, велејќи дека сочувствува со сите вклучени во инцидентот и најави дека во текот на вечерта ќе го посети местото на пукањето.