Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По повод Денот на независноста, со честитка до македонските граѓани се обрати и премиерот Зоран Заев.
На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата. Така се слави Денот на независноста.
Нека е вечен Денот на независноста. Да живее Република Северна Македонија. – напиша премиерот Зоран заев во својата честитка до граѓаните.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157790231897932