Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање е од 30-45 мин.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.