Фросина Ременска денес на распит за „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес на распит во рамки на случајот „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да се јави пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски.

Ременски е почесна претседателка на невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Оваа организација во случајот „Рекет“ се споменува како дел од шемата за изнудување на пари од бизнисмени.

Пред Ременски, во Обвинителството за гонење на организиран криминал искази дадоа и водителката Лила Филиповска, бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски.

Мицевски, сопственикот на ГП „Пелистер“ вчера изјави дека 720 илјади евра префрлил на сметката на Меѓународниот сојуз, а не на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска. Тој рече дека него никој не го рекетирал и дека ќе бара парите да му бидат вратени.

Амзоски од „Дрим билдинг“ на сметката на Меѓународниот сојуз на Боки 13 уплатил околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

До сега во случајот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.