Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Името Симон Морено не значи многу во светот на фудбалот, но сепак се најде во центарот на вниманието ова лето.
Талентираниот фудбалер на Виљареал не беше во план за првиот тим кај „жолтата подморница“, па од клубот одлучија да го испратат на позајмица.
Најпрво интерес покажа Алмерија која има многу амбициозни планови за новата сезона. Морено пристигна, позираше во новиот дрес, но првиот човек на клубот одлучи да се откаже од трансферот и да го раскине договорот.
Веднаш после тоа со понуда за Морено се појави Малага, па играчот пристигна во клубот и позираше со дресот.
Се беше спремно за промоција, но раководството на Малага одлучи во последен момент да го раскине договорот.
Така 22-годишниот фудбалер остана во Виљареал, каде беше преместен во вториот тим до следниот преоден рок, каде веруваме дека ќе има повеќе среќа.
? Caso Simón Moreno ?
⚽️ Pertenece al @VillarrealCF
? Lo ceden al @U_D_Almeria
? El nuevo jeque revoca la cesión
? Lo ceden al @MalagaCF
? El jeque se lo carga hace una hora
Odio eterno a este tipo de fútbol pic.twitter.com/kjEgLS1fM4
— Rodrigo G. Fáez (@RodrigoFaez) September 2, 2019