Две деца ноќеска најдени заборавени во автомобил во Ново Лисиче


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски – Бато во скопската наслеба Ново Лисиче, биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, потврдуваат од МВР за Алсат.

По интервенција на соседите, дошла полиција по што биле скршени прозорците на автомобилот, а децата се извадени и пренесени на скопските клиники.

Засега нема информации како децата останале сами во автомобилот. Повеќе информации од МВР најавија за подоцна во текот на денов.