Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Британската кралица Елизабета Втора даде согласност на барањето на премиерот Борис Џонсон да го суспендира британскиот парламент на период од пет недели.
„Наредба за суспендирање на парламентот не порано од понеделник 9 септември и не подоцна од четврток 12 септември 2019 до понеделник 14 октомври“, беше објавена по состанокот на кралицата со нејзиниот Личен совет во дворецот Балморал.
It’s done pic.twitter.com/YGdB0WX4zk
— Vicki Young (@BBCVickiYoung) August 28, 2019
Повеќе пратеници ѝ пишаа на кралицата барајќи средба по „антидемократскиот предлог на премиерот да се суспендира парламентот“.
Британската влада ќе го суспендира парламентот во септември, а краличиниот говор ќе се одржи на 14 октомври.
Суспензијата ќе ги спречи обидите да се блокира брегзитот без договор, велат аналитичарите.