Виц: Исус те гледа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Крадец влегува во една куќа среде ноќ, сигурен дека нема никој. Но, наеднаш слуша еден глас од кој му се леди крвта:
– И јас те гледам, и Исус те гледа!
Се зачудил крадецот, разгледал убаво наоколу и си помислил дека му се причинува. Продолжил да ја пребарува куќата, која по кратко време, пак истиот глас:
– И јас те гледам, и Исус те гледа!
Светнал со ламбата и гледа еден папагал.
– Јас сум Јован – рекол папагалот.
– Каков Јован, бе? Тоа ли е име за папагал?
– А бе и Исус не е име за доберман, ама гледај го како те гледа.