Стигнува најмоќната конзола на сите времиња: PlayStation 5 треба да биде вистински ѕвер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако од Sony уште нема официјална потврда за спецификациите за PlayStation 5, протекоа нови информации според кои новата „петка“ треба да биде вистински ѕвер и без проблем би требало да се носи со помоќни компјутерски конфигурации.

Она што засега се знае за PlayStation 5 е дека за неговата „машинерија“ е задолжена технологијата на AMD, осумјадрен процес од третата генерација на нова 7 nm Zen 2 архитектура. За графиката ќе биде задолжена Navi Grafika. Од Sony ветуваат дека новата конзола ќе има поддршка за 8К резолуција и брзина на слики во секунда од 120 Hz.

Овој пат информациите на својот Твитер профил ги пушти Komachi, познат по досега слични објави за уште непознати детали. Според него, брзината на графичкиот процесот на „петката“ треба да оди до 2GHz, што би требало да биде еквивалент на брзина од 9.2 TF. Речиси еднакво на она што го нуди GeForce RTX2082 графичката картичка.

И првиот човек кој стои зад новиот PlayStation, Марк Церни, претходно најави дека новата конзола нема да биде едноставна надградба на претходната.

„Клучното прашање е дали конзолата го збогатува искуството до кое веќе имате пристап или пружа фундаментални промени во тоа што може една игра да биде“, вели тој потенцирајќи дека за PlayStation 5 би требало да важи второто.