Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скапите, луксузни материјални работи, ексклузивните и раскошни вили и претенциозните брендирани парчиња облека со години беа статусен симбол на богатите и славни личности кои, на тој начин, отскокнуваат од средната класа во светски рамки.
Но, денес факт е дека богатите фаци нивната слава и богатство ги истакнуваат на сосема поинаков, многу подискретен начин. Имено, животниот стил на богатите и моќни луѓе се менуваше како што растеше светската економија.
Средната класа (во светски рамки, не кај нас – кај нас таа не постои) почна да заработува повеќе со што се доведе во позиција да може да си дозволи купување елитни марки облека, накит, скапи автомобили и домови, иако во минатото тие работи можеа да си ги дозволат само на кредит.
Како резултат на тоа, разликата меѓу богатата и средната класа веќе не е толку голема. Поради тоа, голем број богати и славни личности полека се одрекоа од материјалните луксузни ствари и вложуваат во она за кое средната класа сè уште може само да сонува.
Дискретно богатство
Богатите сега многу повеќе внимание посветуваат на своето здравје и здравиот начин на живот. Престижното списание Vogue здравјето го нарече луксузен статусен симбол. Милионерите тоа одлично го разбираат и парите кои ги заработуваат ги вложуваат во продолжување и подобрување на својот живот и здравје. Следат строги распореди, имаат активен стил на живот, јадат органски одгледувана храна без никакви хемиски адитиви, посетуваат најдобри лекари и многу патуваат.
Во исто време, богаташите трошат многу малку пари на козметички третмани и не прават многу естетски операции, како што тоа го прават славните по секоја цена во минатото, па некои и денес. Тие негуваат став дека лицето треба да изгледа што поприродно.
Богатите одат во теретана консумираат органски одгледувана храна за ручек, но одбегнуваат луксузни алкохоли, цигари и големи журки кои веќе не ги интересираат.
Вложување во образованието и иднината
Повеќе вложуваат во образованието, своите деца ги запишуваат во елитни градинки и школи и плаќаат илјадници долари за колеџ. Парите ги трошат и на сопственото образование, учењето странски јазици и посетување различни курсеви.
View this post on Instagram
Се откажуваат од скапите и луксузни марки и купуваат едноставна облека. Марк Закерберг, на пример, е познат по неговиот едноставен стил на носење само сиви памучни маици. Илон Маск воопшто не обрнува внимание на облеката, а Џенифер Лопез сè почесто почна да носи фустани од модниот бренд ASOS кои чинат до 60 долари. Кејт Мидлтон често носи облека од Zara.
View this post on Instagram
Освен тоа, ретко или речиси никогаш не покажуваат колку се богати и не носат скапоцен накит. Пример, еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, носи часовник од 10 долари, а милијардите ги вложува во други, за него многу поважни работи.
View this post on Instagram
Исто така, богатите почнаа повеќе да штедат, за да не мораат долго да работат во животот.