Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе цела деценија се водат жестоки дебати за тоа кој е подобар – Лионел Меси или Кристиано Роналдо?
Фановите водат жестоки дебати и имаат свои аргументи, па научниците во крајна сметка решија тоа да го пресметаат со алгоритам. На универзитетот во Ливен направени се пресметки и дојдено е до заклучок дека подобар е Аргентинецот.
Алгоритамот го зел во предвид секое дејство на двајцата фудбалери за време на еден натпревар – игра со топка, пасови, асистенции, креирање на шанси, постигнување на голови и воопшто целото влијание на двајцата врз играта.
Џеси Дејвис, професор од белгискиот универзитет кој работел на пресметките тврди: „Бројот на голови не е најважен показател, имајќи предвид, дека во еден меч фудбалерите извршуваат повеќе од 1600 дејствија на теренот. Нашиот компјутер ги зеде во предвид сите дејствија“.
Научните ги споредиле секое дејство на Меси и Роналдо во натпеварите и резултатите покажуваат дека дејствата на Португалецот се поефективни, но се помалку од тие на Аргентинецот, кој е многу покорисен за тимот за време на еден натпревар.