Се закануваше дека ќе фрли бебе од третиот кат – видете како реагираше полицаецот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Малку фалеше семејната драма во рускиот град Саранск, лоциран 500 километри источно од Москва, да заврши фатално за малечко петмесечно бебенце кое неговиот пијан татко се закануваше дека ќе го фрли од трет кат. Сета среќа што еден полицаец на време и успешно интервенираше во дадената ситуација.

Полицаецот го спаси петмесечното бебе , кое го држеше пијан маж и се закануваше дека ќе го фрли. Полицијата била повикана на местото на инцидентот и побарана помош при семејно насилство.

Полицаецот преку балконот на соседниот стан успеа да се справи со пијаниот маж , кој мафташе со малото девојченце , држејќи го за нога.

Станува збор за 38 – годишник , познат и претходно на полицијата , кој претходно дента ја нападнал мајката на бебето и ја избркал од станот , а соседите ја виделе како излегува целата облеана во крв.