Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На прес-конференцијата која ја одржа Јавното обвинителство после денешното апсење на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, првиот човек на ЈО, Љубомир Јовески изјави дека од обвинителството ќе се побара притвор за Јанева заради нејзина вмешаност во случајот „Рекет“.
„Јавниот обвинител е осомничен за злоупотреба на службената должност, за што Обвинителството ќе предложи притвор“, изјави на прес-конференција, Љубомир Јовески, по апсењето на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.