Салах му ги исполни сонот на 10-годишно хендикепирано момче


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Али Турганбеков од Казахстан има десет години и е без две нозе, но тој физички хендикеп не го спречува да сонува за голема спортска кариера во својот живот. А дел од неговиот спортски сон му се исполни кога доби шанса да тренира заедно со најголемите фудбалски ѕвезди.

Заедно со малиот Али, на стадионот Водафон во Истанбул, со ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах тренираа и други деца со хендикеп, кои се дел од Фондацијата на УЕФА.

Младиот Али е роден без две нозе, но како што вели, откако памети за себе сака да биде фудбалер.

Тој изјави дека најголем предизвик му е да стане репрезентативец на параолимпискиот фудбалски тим на Казахстан.