Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Истрагата за авионската несреќа во која загина надежниот млад фудбалер Емилијано Сала дојде до нови детали и информации за смртта на фудбалската ѕвезда во подем.
Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој почина во авионската несреќа на 21-ви јануари на летот од Нант кон Кардиф бил затруен со голема доза на јаглен моноксид, покажал токсичнот наод.
Сала настрада откако авионот се сруши во каналот Ла Манш, а неговото тело беше пронајдено неколку дена подоцна. Со Сала леташе и пилотот Дејвид Иботсон чие тело и денес не е пронајдено.
Според извештаите на агенцијата за истраги на авионски несреќи во крвта на Сала е пронајдено смртоносно количство на јаглен моноксид. Претпоставка на истражителите е дека и пилотот бил исто така отруен со овој гас.
После оваа информација се пишува и дека пилотот и Сала се онесветсиле од големата количина на гас пред авионот да падне во водата.
Ќе потсетиме, таткото на Сала почина само неколку месеци откако го погреба својот син.