Шокантна статистика: Четвртина од светската популација останува без питка вода?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една четвртина од вкупното светско население, распределена во седумнаесет држави, се соочува со екстремен недостаток на вода.

Загрижувачките податоци за недостаток на вода за пиење на глобално ниво се прикажани во најновата листа на Светскиот институт за ресурси, со која се опфатени 164 држави во светот.

На врвот на листата по екстремна загрозеност од недостаток на вода се Катар, Израел, Либан, Иран и Јордан.

Водениот „стрес“ на најниско ниво е во земјите како, Исланд, Јамајка, Гвајана, Либерија и Суринам.

Македонија е на 52 место на листата на Светскиот институт за ресурси, БиХ е на 97 место, Србија на 109, Словенија на 117, Црна Гора е 121 а Хрватска е на 140 место.

Од Светскиот институт за ресурси објаснуваат дека водениот стрес преставува сериозна опасност за луѓето и препорачуваат дека постојат три начини за смирување на водениот стрес- зголемена ефикасност на земјоделието , вложување во сива и зелена инфраструктура и повторно користење и рециклирање на отпадните води.