„Ла Верита“: Поседуваме уште снимки, ги добивме од македонски државни службеници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот новинар Ларис Гајсер, кој преку италијанскиот весник „Ла Верита“ ги објавуваше снимките од примопредавањето на милионска сума евра и договарање на режирани постапки на СЈО, познати како аферата „Рекет“ која моментално уште ја тресе нашата политичка сцена, во видео колумна која ја објави, вели дека поседуваат уште аудио и видео снимки, како и документи за случајот, но во моментов се прават консултации со правници за нивно објавување.

Вчера, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонската администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите. Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал.

Во колумната Гајсер коментира дека напоразувачката порака – тотален молк е она од Брисел, особено имајќи предвид дека претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини инсистираале силно за специјалната обвинителка.

Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.

Веднаш по колумната во италијанскиот весник, но и по твитот на поранешната европратеничка Дорис Пак која, исто го критукуваше молчењето на Могерини, се огласи евркомесарот за проширување Јохаен Хан. Тој преку твит порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато.

Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања…Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша еврокомесарот.

Темелна истрага побара и директорот за Европа во Републиканскиот иснтити IRI, Пол Мекарти

Mногу не загрижувачки ако е точно. Судските институции во С. Македонија треба да ја завршат истрагата, бидејќи тоа е многу важно за пристапувањето на државата во ЕУ.

За Рекет се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Колку што јас знам, од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица, коментирал Вучиќ.

На снимките кои досега ги објави Лаверита се гледаат осомничените Боки 13 и Зоки Кичеец, како и бизнисменот Јордан Камчев, потоа се слушаат и разговори со специјалната обвинителка Катица Јанева, а во неколку наврати се споменува и премиерот Зоран Заев.