Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Млад Индиец, кој не бил задоволен од подарокот што му го подариле неговите родители – нов BMW автомобил, наместо посакуваниот Jaguar, скапиот подарок го фрлил в река.
На интернет е објавена снимка на која е снимен скапиот BMW автомобил како „плови“ по реката во северната индиска покраина Харјана. Подоцна се насукал во високите треви на брегот, а дотогаш разгалениот син на локалниот богаташ се премислил и решил да го спаси BMW-то.
На крајот во цела ситуација се вклучила и полицијата, која истражува што точно се случило. BMW автомобилот кој му го купиле родителите на синот чинел 3,5 милиони индиски рупии, додека посакуваниот Jaguar чинел меѓу 4 и 5 милиони рупии.