Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сибирец е, се вика Едуард Филипов. Доаѓа од Тјумењ, а на својот влог на YouTube објави видео на кое, седнат во када полна со водаи пена, се развозува низ родниот град среде бел ден. Скокна и до „Мекдоналдс“ по пофмрит и кока-кола.
Филипов објави дека ја организирал акцијата во знак на поддршка за талентираните луѓе од провинцијата. „Многумина мислат дека талентот не може да се реализира без да заминат во главниот град“, констатира Едуард.
Блогерот се возеше цел саат по централните градски улици и никој не се ни обиде да го запре. За тоа време го изеде помфритот и се бањаше. Снимката ја коментираше со зборовите: „Прави го она што го сакаш, и онака ќе те осудуваат до крајот на животот“.
Сообраќајците од Тјумењ ги лоцираа Филипов (не дека се криеше типот) и неговиот другар и им пиша казни од илјада рубли (12 евра) поради „кршење на правилата за превоз на луѓе“.