Џефри Епштајн, милијардерот обвинет за педофилија, изврши самоубиство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џефри Епштајн, милијардерот кој беше осомничен и уапсен за педофилија, изврши самоубиство, објави „Њујорк тајмс“.

Според весникот, рано изутринава е изнесено тело од затворот во Менхетeн, каде Епштајн издржуваше затворска казна и потоа е пренесен во локалната болница.

Епстајн беше во федерален затвор во Менхетен, каде чекаше судење по обвиненијата за трговија со сексуално робје. Точното време и околности на самоубиството на Епштајн не се познати.

Милијардерот следната година на суд требаше да се соочи со обвиненијата за сексуално злоставување на десетици малолетни девојки во Њујорк и на Флорида. Тој пред две недели се обиде да се самоубие во затворот , по што беше ставен под 24-часовна стража. Епштајн, кој беше уапсен на почетокот на јули поради федерални обвиненија, тогаш беше пронајден на подот на својата ќелија во положба на фетус и имал траги од повреди на вратот.

Доколку на претстојното судење тој беше прогласен за виновен, ќе се соочеше со затворска казна до 45 години