Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во ексклузивната статија (како што е насловена) која ја објави српски Курир, медиумот пренесува дел од изјавата која Бојан Јовановски ја дал за полициските служби. Во неа тој се заканил дека ако случајно го убијат и пробаат тоа да го прикажат како самоубиство, или ако му фали влакно од главата, има доволно силни докази за цел политички и државен врв, вклучително и Заев, кои се на сигурно и кои ќе бидат објавени и ќе направат политички земјотрес во земјата.
Како што пренесува Курир.рс, Боки на сослушувањето во полиција кажал дека има докази и против Заев и неговите соработници, меѓу кои и советникот на премиерот, Зоран Башановиќ. Како што навел, доказите за вмешаноста во аферата „Рекет“ ги оставил на сигурно и тоа на повеќе адреси.
Многу ликови ќе паднат
„Ако ме убиете во затвор, ќе паднат многу политичари, а тука мислам и на Заев и неговата влада. Имам докази против Заев и државниот врв. Сите се од прва рака. И сето тоа го оставив на сигурно, кај мајка ми и на уште неколку други адреси. Ако ми се случи нешто, ако ме убиете, обесите и тоа го прикажете како самоубиство, ако ме тепате овде, ме мачите, заплашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде после дека не сте знаеле, во Македонија ќе има политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден ако им фали влакно на главата“, наводно изјавил Боки на сослушувањето.