Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еминентниот весник „Екип“ тврди дека Нејмар може да остане во ПСЖ, но нема повеќе да заигра за францускиот клуб.
Француските медиуми пишуваат дека „светците“ се замориле од „сапуницата“ со бразилската ѕвезда, која пред две години пристигна од Барселона за 222 милиони евра.
ПСЖ бара 180 милиони евра за неговата слобода и тоа до 10 август, па ако Барселона не ја плати таа сума, Нејмар најверојатно ќе остане во Париз.
Само тогаш би можел да биде целосно надвор од екипата и плата да добива за гледање на натпреварите од трибини.
Тоа би било навистина поразителен епилог за сите три страни и сценарио, кое ниту една страна не го посакува.
Каталонските медиуми пак пишуваат дека Барса прави план и ќе се обиде да го донесе Нејмар на едногодишна позајмица, со задолжителен откуп следното лето за 180 милиони евра.
What will happen with Neymar? ?
He's still at @PSG_English
But L'Equipe have reported that he won't play another game for the club
?https://t.co/MVibJrl8dy pic.twitter.com/GXBBSnmNSP
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) August 1, 2019