Виц: Луксузен живот со 300 евра на македонски начин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Детето го прашува татко си:
– Тато нешто не ми е јасно, Комшијата од лево зема 25.000 плата и одвај сврзува крај со крај. Тој од десно зема 20.000 и јаде леб и сол. Ти земаш 18.000 а дома имаме сѐ – виски, пршута итн.
– Многу е просто сине, јас имам магично стапче и кога ќе мафнам со него, добивам пари.
Следниот ден детето вели:
– Абе тато, цела ноќ мафтам со стапчето и ништо не се случува?
– А ги кажа ли волшебните зборови? – прашува таткото.
– Да да, „Абракадабра“, нели?
– Не бе сине! „Возачката и сообраќајната за проверка!“