Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ирачки пилот, по доцнењето на авионскиот лет од Тунис за Багдад, од патниците на летот побарал да собираат пари за да го наполнат авионот со керозин и да полетаат.
Патниците бурно реагирале на оваа „непристојна понуда“ на eкипажот. А, сметката од 3.000 долари, на крајот ја платиле службениците од ирачката Амбасада во Тунис.
Молбата на пилотот патниците да соберат 3.000 долари за гориво, предизвика контроверзи, по што сопственикот на компанијата тврдеше дека целата приказна е лажна и дека авионот од Тунис полетал без проблеми.
„Имаше некои технички и логистички проблеми поради коишто летот доцнеше“, кусо соопштија од ирачката авио-компанија.