Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според советите од фитнес инструкторите и експертите, сите оние кои сакаат ефективно да го симнат вишокот килограми со физички вежби на дневна основа, треба да вежбаат пред утринскиот оброк и кафето, бидејќи тој период е најдобар за физички активности со максимален ефект.
Можеби нема да ви се допадне и ќе кажете дека тогаш и ви е потребна најголема мотивација, уште не сте расонети како што треба, цел ден со обврски е пред вас и тоа ви прави притисок кој не ве инспирира да вежбате, но експертите наведуваат дека веднаш по будењето е најдоброто време за вежбање и трчање.
Пред оброкот и кафето веднаш би требало да одите на тренинг, бидејќи тогаш се постигнуваат видливи резултати, а и тоа ќе ви помогне да ги наполните батериите за целиот ден.
Зошто е тоа добро?
Вежбањето ќе ве исцрпи и ќе ви ја зголеми потребата за појадок, а студиите покажуваат дека добриот појадок ги инспирира луѓето да носат подобри одлуки во текот на денот.
Голема е веројатноста дека по вежбањето ќе конзумирате здрави намирници во текот на денот.
Ќе согорите 20% повеќе маснотии од другите делови во денот.
Потењето ќе ги исфрли сите токсини од организмот, веднаш наутро.
Ќе го забрзите метаболизмот, а метаболизмот кој добро функционира, троши повеќе маснотии и доведува до витко тело.
Имате цел ден за уживање, бидејќи сте завршиле со напорниот тренинг рано.
Наутро имате највеќе енергија и тогаш тренингот е најефикасен.