Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Твитер профилот од славната холивудска актерка Џесика Алба минатиот викенд бил мета на хакерски напади при што на профилот биле објавувани прилично контроверзни, навредливи и шоканитни објави и статуси во име на филмската ѕвезда.
„Хендикепираните лица се виновни за 11. септември“- беше само една од шоканитните хомофобични, расистички и нацистички објави.
Исто така во една од објавите пишувало „Нацистичка Германија не направила ништо лошо“. Оваа објава предизвикала лавина реакции од страна на нејзините подржувачи.
Актерката успеала да го поврати својот профил и да ги отстрани навредливите објави, меѓутоа фотографии од тие објави се уште кружат по интернет.