Арсенал не мисли да застане: После Пепе пристигнува уште едно засилување!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Арсенал во последните неколку дена направи вистински „бум“ на трансфер пазарот.

После доаѓањето на Дани Себаљос, „топџиите“ го договорија наскапото засилување во својата историја и ќе платат 80 милиони евра за Николас Пепе.

Ѕвездата на Лил беше мета на многу европски гиганти, но на крајот го избра Арсенал и во следните денови треба да го комплетира трансферот на „Емирати“.

Меѓутоа „топџиите“ не мислат да застанат тука и ќе тргнат кон ангажман на левиот бек Кјеран Тирни од редовите на Селтик.

Досега клубот од Лондон испрати две понуди кои беа одбиени од Селтик, но во моментов ја подготвуваат третата со која ќе ги задоволат апетитите на шкотскиот клуб.