Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прекрасниот природен базен „Grotta della Poesia“ („Пештера на поезијата“), лоциран на италијанското крајбрежје, е место кое остава без здив и ги полни очите со неверојатна и колоритна природна убавина.
View this post on Instagram
„Пештера на поезијата“ е сместен во селото Рока Векија, на италијанскиот брег од Јадранското Море, меѓу градовите Лече и Отранто, а се наоѓа во внатрежноста на поголемо археолошко наоѓалиште.
View this post on Instagram
На околу еден километар од главната, се наоѓа и друга, помала „Пештера на поезијата“. И двете пештери имаат тунели кои водат директно до морето, до кое може да се дојде само со пливање или помало бротче.
View this post on Instagram
Посетителите на овие природни базени се импресионирани од шармантната елиптична форма на понорот од поголемиот базен, широк околу 30 метри. Овој базен е идеален за адреналински „cliff jumping“ од висина од 5 метри.
View this post on Instagram
Името на базенот потекнува од прекрасна приказна. Според неа, некогаш одамна постоела прекрасна принцеза која обожавала да плива во бистрите води од пештерата, така што многу поети доаѓале таму да ја гледаат и посветувале песни на убавината од пештерата и принцезата.
View this post on Instagram