Американски столар заштедил три милиони долари и со нив пратил на факултет 33 студенти


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американецот Дејл Шредер животот го посветил на работата со цел да заштеди што повеќе пари и да ги вложи во фонодот наменет за млади луѓе кои немаат пари за студирање.

Пред неговата смрт, Дејл го замолил својот адвокат неговата заштеда постепено да ја дели на идните студенти, така што овозможил 33 млади луѓе од Ајова да се запишат на факултет.

Шредер не се женел во животот и немал деца. Пораснал во сиромаштија, па добро знаел што значи немаштија и 67 години вредно работел за да заштеди што повеќе пари.

Неговата заштеда од 3 милиони долари во изминативе 14 години овозможила факултетско образование на 33 млади лица. Една од нив е Кајра Конрад, која вели дека не очекувала оти ќе може да учи факултет како нејзините пријатели, бидејќи нејзиното семејство немало пари за тоа.

„Сакаше да им помага на деца кои се сиромашни како што бил и тој. Го прашав за колку пари правиме муабето, кога ми кажа дека станува збор за 3 милиони долари, за малку ќе паднев од столот“, вели пријателот и адвокат на Шредер, Стив Нилсен.

Благодарение на заштедата од Шредер, денес 33 лица имаат факултетски димпломи и денес се терапевти, адвокати, доктори и други престижни професии, а тие заедно себеси се нарекуваат „Децата од Дејл“. Единствен услов кој им е оставен како аманет од Шредер е да му се оддолжат на Дејл така што и тие ќе им помагаат на други луѓе штом ќе имаат можност за тоа.

Дејл почина во 2005 година.