Home Спорт Одложена промоцијата: Елмас итно замина во Рим, има проблеми со пасошот!

Одложена промоцијата: Елмас итно замина во Рим, има проблеми со пасошот!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го напуштил тренинг кампот на Наполи во Димаро и итно заминал во Рим, пренесуваат италијанските медиуми.

Елмас вчера и официјално стана играч на Наполи и потпиша 5-годишен договор со италијанскиот гигант, а денес требаше да биде неговото официјално претставување.

Меѓутоа, промоцијата е одложена бидејќи Елмас да се упати кон Рим со цел да ги реши бирократските проблеми поврзани со неговиот пасош.

Имено, „наполитанците“ во наредниот период ги очекуваат средби низ Европа, како и кратко патување до САД, а Елмас отпатувал до Рим за да ги добие неопходните визи за да може да биде дел од тимот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…