Владимир Панчевски – предлог од Мицкоски за прв човек на СЈО


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како опозициски предлог за нов шеф на Специјалното јавно обвинителство го предложи порашениот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Панчевски изјави дека ја прифаќа понудата и предлогот.

„Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите!“ напиша Панчевски на својот профил на Фејсбук.

Панчевски во моментов е суспендиран од работа поради злоупотреби на АКМИС системот и манипулирање со делегирањето на судии во случаите на СЈО.

Мицкоски вчера коментирајќи го предлогот Вилма Русковска од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да биде на чело на ова обвинителство даде и свој предлог.

– Вториот дел од мојот одговор е таканаречениот репрезент на Рускоска обвинителството. Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и кредибилитет, кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа одделение или обвинителство, рече во една прилика Мицкоски.

Панчевски за „Фокус“ изјави дали смета дека е соодветно решение и зошто.

-Видете јас сум симбол на прогонот на власта врз правосудниот систем кој го отворија како пупка, јас сум симболот со кој се разоткри криминалното работење на Катица Јанева и Ленче Ристоска уште пред две години со претресот врз мене и кражбата на клучот. Веројатно некој, но најповеќе народот го препознал тоа“.