Во Скопје кај „Палма“ откриени саркофаг и надгробен олтар од 2. век наша ера


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од Музеј на Град Скопје ја споделија информацијата дека при градежни зафати за реконструкција на улица во близина на слаткарницата „Палма“, во населбата „Карпош 4“, биле откриени археолошки артефакти и наоди кои потекнуваат од 2. век наша ера.

На 24 јули, 2019 година, при градежни зафати за инфраструктурна реконструкција на улица во скопската населба „Карпош 4“, откриени се саркофаг од камен и три елементи од надгробен олтар со потекло од римскиот период на оваа територија, кои врменски датираат од 2. век од нашата ера.