Таа ќе го игра првиот LGBTQ суперхерој од јуначката елита на Marvel


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Валкири ќе биде првиот LGBTQ суперхерој од редот на јунаци на Marvel, кој ќе се појави во следниот, четврт филм Thor. Ликот на Валкири ќе го толкува актерката Теса Томпсон.

Верните и посветени обожаватели на стриповите од Marvel веќе знаат за Валкири – дека таа е бисексуалка, но во досегашните филмови, таа како да го сокриваше тој факт за себеси.

Во Thor 2 дури била и исфрлена една скокотлива сцена во која таа станува од кревет во којшто има друга жена.

Според информациите кои доаѓаат од Marvel, LGBTQ ликови ќе има и во филмот The Eternals, кој е во фаза на снимање, но засега не се откриваат детали за дејството во истиот.