„Катица од трето три“ – урнебесна пародија посветена на Јанева од Сашо Тасевски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актерот Сашо Тасевски е редовно гласен со своите критики и реакции на Фејсбук за актуелните оштествено-политички случувања кај нас, а сето тоа го прави на оригинален, издржан и уникатен начин. Последно, нормално, е фокусиран на аферата „Рекет“ и евентуалната вмешаност на првата специјална обвинителк, Катица Јанева.

Тасевски пред неколку дена на Фејсбук објави статус во којапиша дека е подготвен да шета гол во Аеродром доколку Катица биде осудена за случајот „Рекет“.

Ако го осудат Катето, ќе организирам геј парада у Аеродром, кајшто е најризично и издепилиран во црвена танга ќе скандирам: Нема правда, нема мир!, напиша Тасевски.

Потоа се надоврза со друг статус: „Мислев се истрчав ко реков у танга ќе шетам ако ја осудат Катица. Се опцув стопати… Ах шо ми требаше, сум го колнел денот во кој сум се родил. Сега викам ќе ја осудат, ќе ми вадат што сум рекол и ќе мора на геј парада на чело да бидам. Ама имало Господ, пресов на Катица беше музика за моите уши. Нема да лежи. А ја ќе продужам да глумам мачо пред светот. Тангата само по дома“.

По прес-конференцијата која Јанева ја одржа после неколкудневно исчезнување од медиумската и граѓанска јавност, откако се разгоре аферата „Рекет“ и таа си даде оставка од СЈО, Тасевски повторно распали на Фејсбук а и посвети и нова урнебесна песна.

„Боки 13 викаш те злоупотреби, а Като? Тоа е ко Елиот Нес да беше фатен во рекет и да кажеше, внучето од сестра на Ал Капоне ме заеба. Иначе немаше“.

„Катица, мамето да ти го ебам, од ко ја направи онаа глупост, ни Ленче ни Фатиме повеќе не ми дошле на сон голи“, напиша Тасевски на Фејсбук“.