Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот гигант Милан го договори најскапото засилување во својата историја, откако се согласи да плати 50 милиони евра за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа.
Пред неколку дена се појави вест дека Милан веќе постигнал комплетен договор со Кореа, кој на „Сан Сиро“ ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
Остануваше уште двата клуба да ја договорат отштетата, а „Скај Италија“ потврди дека двата клува си пуштиле рака за трансфер тежок 50 милиони евра, од кои 40 милиони евра ќе бидат во кеш, а останатите 10 преку бонуси.
Директорот на Атлетико, Андреа Берта денес ќе пристигне во Милано за да се договорат последните детали и да двете страни да стават потпис на договорот.
Се очекува Кореа оваа недела да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.