Home Шоубизнис Влезот е во САД, книгите се во Канада: Библиотека на граница меѓу две држави

Влезот е во САД, книгите се во Канада: Библиотека на граница меѓу две држави

Слободната библиотека Хаскел со сигурност е уникатна по една работа – нејзината местоположба и физичка „државна“ поделеност на институцијата.

Сите оние кои ќе посакаат да влезат во библиотеката Хаскел, влезот ќе го најдат на крајот од сојузната држава Вермонт, во Дерби Лејн. Но, ако сакаат да продолжат со рашетување и разгледување на библиотеката и нејзиниот книжевен фонд, ќе мора да преминат во Станстед, Квебек, Канада, бидејќи границата помеѓу овие две држави се наоѓа токму во објектот на библиотеката.

Библиотечниот објект е лоциран токму на граничната линија меѓу Америка и Канада, а нејзината необична локација не е случајна.

Библиотеката била создадена од Марта Стујарт Хаскел и нејзиниот син Колонел Хорас Стујарт Хаскел, во чест на покојниот сопруг, Хаскел Карлос, кој бил познат и истакнат трговец во пограничната заедница.

Марта била Канаѓанка, а Карлос Американец. така што имало смисла што создале зграда што ги обединува двете земји под еден покрив. Зградата била дизајнирана од Џејмс Бол, архитект од Квебек, заедно со неговиот партнер, Гилберт Смит.

Местото на библиотеката ѝ дава уникатност: бидејќи книгите и шалтерите се на канадска страна, а влезот е на американска страна, зградата се нарекува единствената библиотека во Америка без книги. Исто така, сцената за операта е во Канада, а седиштата се во Америка, така што ова е единствената опера во Америка без сцена. И покрај тоа што објектот бил замислен како подарок за двете земји, границата од секоја страна од зградата е оградена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…